Пелистерци со мега пресврт до победа во Автокоманда

Еурофарм Пелистер како гостин со 35-33 го победи Алкалоид во многу интересно дерби од ракометната Суперлига на Македонија, па битолчани речиси го отпишаа Алкалоид од борба за второто место.

После две ремија по ред во меѓусебните дуели, конечно некој победи и тоа пелистерци кои направија огромен пресврт во второто полувреме.

Ова беше генерална проба за двата тима пред завршниот турнир во Купот на Македонија кој се игра в петок и недела.

Алкалоид одигра беспрекорно прво полувреме во кое даде дури 22 гола, но недоволно за победа.

Пелистерци по првото полувреме имаа шест голови негатива, но предводени од Манасков многу добро ја одиграа првата половина од вториот дел и дојдоа на само минус еден со што најавија интересна завршница. Потоа блесна Митревски, Алкалоид веќе беше во контра ритам и искусните гости триумфираа.

Најрасположени во победничкиот тим беа Манасков со 7 гола и Митревски со 6 одбрани, а кај поразените најефикасни беа Дамјан Митев со 7 и Ненад Костески со 6 гола.

- Оглас -

Најнови вести