Барселона имаше старт од соништата против Атлетико Мадрид, поведе 2-0, имаше шанса и за 3-0, а налетот го запре голот на Лукман за 1-2, па по првото полувреме Јорганџиите се тие што имаат еден гол предност во двобојот и поблиску се до полуфиналето во Лигата на шампионите.
Барса на 15 меча по ред во ЛШ прима гол и тоа е нивниот проблем, иако имаат неверојатен напад. Остануваат уште 45 минути во кои може, а и не мора да биде одреден полуфиналистот, се виде дека се случуваат киксеви кои често решаваат на вакви нокаут мечеви. Каталонците пробуваат да станат само вториот тим во историјата на ЛШ кој одел понатаму откако на првиот меч дома загубил со два гола разлика.
На „Енфилд“, нема голови на дуелот помеѓу Ливерпул и ПСЖ, а тоа им одговара на Французите кои првиот меч го добија со 2-0. Фановите на Црвените почнаа да го скандираат името „Мо Салах“ уште пред повредата на Екитике. Салах почна на клупата за резерви, тренерот Слот им даде предност на други напаѓачи меѓу кои и најскапото засилување Исак. Кога се повреди Екитике, Салах влезе на терен. А, и ПСЖ во првото полувреме направи принудна замена, бидејќи се повреди бекот Нуно Мендеш.

