Барселона за само половина полувреме го смрзна Атлетико, Јорганџиите реагираа

Барселона води со 2-1 на гостувањето кај Атлетико, а Каталонците имаа и 2-0 после само 23 минути игра со што ја остварија целта по која дојдоа во Мадрид.

Атлетико беше во нокдаун, Јамал и Феран Торес дадоа голови, но домашните преку Лукман успеаја да дадат гол со кој пак се во предност која ги носи во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Барса на сите средби оваа сезона прима барем по еден гол. Инаку во историјата на ЛШ само Манчестер јунајтед во 2019 успеа да елиминира противник после пораз дома од два гола разлика на првиот меч, Барса пробува да биде вториот.

- Оглас -

Најнови вести