Алиоски игра одлично, Лидс првпат не прими гол во 2021 година (Видео)

Езџан Алиоски одигра стандардно добро за Лидс и се радуваше на победа против Кристал палас од 2:0 во првиот меч во кој неговиот тим не прими гол во новата 2021 година.

Џек Харисон со убав гол во третата минута најави дека бодовите ќе останат во Јоркшир, а потоа печат на победата стави Патрик Бамфорд.

Бамфорд вкупно постигна 12 голови во првата сезона што ја игра во Премиер лигата и се проби на шесттото место на листата со најдобри стрелци во англиското првенство.

Лидс со десеттата победа сезонава во Премиер лигата го прескокна Арсенал на 10-тото место со 32 бода. Кристал палас остана на 13-тото место со 29 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести