Алиоски ќе има нов сопственик – Лидс ќе му биде помалиот брат на ПСЖ

Езџан Алиоски и неговите соиграчи од Лидс речиси сигурно ќе имаат нов сопственик во клубот, а преговорите се при крај и шеикот Насер Ал-Келаифи со „Катар Инвестмент груп“ ќе го преземе англискиот второлигаш.

Првиот човек на Пари Сен Жермен понуди 135 милиони евра за да го купи Лидс, а се очекува да додаде уште околу 13 милиони евра, колку што бара Андреа Радрицани, за да дојде до голем трансфер во време кога фудбал не се игра.

Лидс моментно е првопласиран на табелата во Шампионат лигата и ако продолжи да се игра во Англија, клубот за кој игра Алиоски е прв кандидат за промоција во Премиер лигата.

Ако Келаифи успее да го купи Лидс, тогаш клубот ќе сврти нова страница со многу богати сопственици. „Катар Инвестмент груп“ е сопственик на ПСЖ, а има спонзорски договори со уште неколку гиганти, меѓу нив и со Барселона.

Преговорите меѓу „Катар Инвестмент груп“ и Радрицани почнаа лани во мај, а сега по помалку од една година се при крај и се очекува трансфер на сопственичкиот пакет.

- Оглас -

Најнови вести