Алиоски: Ќе му покажеме на Арсенал кој е Лидс, Манчестер јунајтед и ние би го победиле (Видео)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, беше оптимистички настроен во пресрет на дуелот на Лидс против Арсенал од ФА купот, и најави победа на неговиот тим, иако за ривал имаат премерлигаш. Алиоски кажа дека нема трема пред овој меч, а победата на Арсенал над Манчестер јунајтед за него и не е којзнае каков успех, бидејќи според популарниот Џани, сезонава и Лидс би ги победил Црвените ѓаволи.

„Арсенал е голем клуб, има добри играчи, но не сум нервозен. Убаво ќе биде да им покажеме кој е Лидс, имаме добра шанса да видиме до каде сме. Го гледав мечот меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, Арсенал го победи Јунајтед, но противникот беше толку слаб, мислам дека сезонава и ние можеме да го победиме Манчестер“, изјави Алиоски.

https://twitter.com/i/status/1213459776383987712

- Оглас -

Најнови вести