Алиоски кога е стартер Лидс не губи – Бамфорд со хет-трик и најде чаре на непоразената Астон Вила (Видео)

Езџан Алиоски одигра одличен меч на „Вила Парк“, а со Лидс се радува на голема победа од 3:0 против до вечерва непоразениот тим на Астон Вила.

Алиоски учествуваше и при акцијата за првиот гол, а на терен доминираше Патрик Бамфорд со хет-трик. Шпицот на Лидс беше немилосрден и постигна хет-трик за 19. минути.

Акцијата за првиот гол во 55. минута ја почна Алиоски, а ја заврши Бамфорд, кој погоди по одбиената топка од домашниот голман.

Истиот играч пак беше прецизен во 67. минута, кога веќе беше извесно дека Лидс ќе слави победа на Вила Парк, а гол-шоуто на Бамфорд заврши во 74. минута со хет-трик.

 

- Оглас -

Најнови вести