Алиоски: Македонија има и други добри играчи кои може да играат во Премиер лигата

Езџан Алиоски го одигра целиот меч за Лидс во победата на гостувањето кај Лестер со 3:1 во меч од 21-вото коло во Премиер лигата. Лестер беше фаворит пред мечот, но Алиоски и останатите верувале дека може да направат изненадување на стадионот „Кинг пауер“. На крајот Лидс славеше и со 29 бода скокна на 12-тото место на табелата.

По завршување на мечот, Алиоски во изјава за „Спорт клуб“ го коментираше дуелот против Лестер, но не заборави да додаде дека Македонија има и други квалитетни играчи кои може да играат во најсилната лига во светот.

„Добро е што Македонија има играч во Премиер лигата. Добро ќе биде да има и други. Имаме многу таленти и мислам дека ќе има и други Македонци во Премиер лигата. Ова е најдобра лига и јако е да играш тука“, вели Алиоски во интервјуто кое може да го погледнете во целост.

- Оглас -

Најнови вести