Алиоски остана без „Капа“, ќе носи „Адидас“ со соиграчите во Лидс

Завршува соработката на Лидс со реномираниот производител на спортска опрема „Капа“, а од следната сезона Алиоски и соиграчите ќе играат во дресови на „Адидас“.

Договорот со германскиот производител на опрема ќе почне од 2020/21, а предвидени се и големи бонуси за клубот ако успее да се пласира во Премиер лигата.

Во 100-годишната историја на славниот англиски клуб, кој има три титули и играше и во финалето на КЕШ и на Купот на победници на куповите, ова е прва соработка со „Адидас“.

Алиоски и соиграчите имаат убава шанса да се промовираат во премиерлигаши бидејќи моментно по 28 одиграни натпревари, се втори на табелата во Шампионат лигата, позиција што гарантира настап во елитната англиска лига од следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести