Алиоски по ЕП се сели во Турција?

Езѓан Алиоски, левиот бек на Македонија, по Европското првенство може да се пресели во турската Суперлига, откако Фенербахче му понуди повеќегодишен договор на фудбалерот на Лидс.

Популарниот Џани со двата настапи досега за македонската селекција на континенталниот собир, го покажа квалитетот и борбеноста, а воедно се продлабочи во историјата на мак-фудбалот како играч кој го постигна вториот гол за Македонија на ова историско ЕП.

Алиоски од 1 јули ќе биде слободен играч доколку дотогаш Лидс не изготви договор со кој ќе успее да го задржи на „Елан роуд“, а наводно веќе е понудена продолжување на соработката до Џани откако управата на Лидс разбра за повикот од Фенербахче.

Алиоски прво нега се подготви за дуелот против Холандија и нека одигра уште една добра партија, па дури потоа може да одлучува за својата кариера на клупски план.

- Оглас -

Најнови вести