Алиоски погоди за Ал Ахли, тимот кој сезонава нема ни победа, ни пораз (Видео)

Езџан Алиоски погоди од пенал за Ал Ахли во ремито 1:1 на свој терен против Ал Фатех. Ова беше меч од петото коло во првенството на Саудиска Арабија и петто реми за Ал Ахли.

Алиоски беше прецизен во 15-тата минута кога донесе радост за домаќините и водство од 1:0. Сепак, само пет минути подоцна гостите израмнија, а Ал Ахли може да е среќен што не загуби дома, затоа што ВАР системот ја скрати радоста за втор погодок на гостите во 76 минута.

 

Дарко Чурлинов беше стартер и одигра 72 минути за Шалке 04 во поразот на свој терен од Карлсруе. Гостите поведоа со 1:0, а по асистенција на Чурлинов, Терод погоди за 1:1 и радост на навивачите од Гелзенкирхен. Откако Чурлинов излезе од игра, Карсруе даде и втор гол за победа.

- Оглас -

Најнови вести