Алиоски се плазеше со јазикот, па доби пријава од играч на Барнли за „расизам“ (Видео)

Возбудливо попладне имаше Езџан Алиоски, кој се претвори во главна ѕвезда на натпреварот кој Лидс со 4-0 го доби против Барнли. Популарниот Џани имаше асистенција, но главно внимание предизвика со еден гест кон Двајт Мекнил од Барнли. После мечот, Мекнил го пријавил Алиоски за расизам, па нашиот репрезентативец може да биде и казнет.

Најпрвин додека лежеше на тревата, на снимка се гледа како Мекнил да го плука во глава нашиот фудбалер.

Подоцна, Џани кој беше налутен, направи еден детски гест, кој од противникот е оценет како расизам, па сега Фудбалската асоцијација на Англија ќе решава дали Алиоски ќе добие казна.

https://twitter.com/i/status/1393554937829896193

- Оглас -

Најнови вести