Алиоски си поигруваше со Исланд, а потоа „ургираше“ кај некогашен соиграч од Лидс (ФОТО)

Езџан Алиоски беше еден од најдобрите поединци на историскиот меч против Исланд.

Одличниот бек го отвори резултатот рано во првото полувреме, а по крајот на средбата беше задолжен и за прославата во соблекувалната.

Но, само неколку часа по натпреварот, Џани се виде со својот некогашен соиграч од Лидс, голманот Илан Меслие.

Французинот, кој е прв чувар на мрежата на премиерлигашот, е со младата репрезентација на Триколорите во Скопје, каде што утре од 18:30 часот ќе играат против Македонија во рамките на квалификациите за ЕП.

Со оглед на квалитетот со којшто располагаат Французите, но и огромиот број бодови и загарантираното прво место во групата, веруваме дека Џани му порача на Меслие да пушти некој гол во неговата мрежа.

- Оглас -

Најнови вести