Алиоски со болно реми го прослави 100-тиот настап за Лидс

Лидс одигра само 1-1 против Дерби каунти во натпреварот од англискиот Чемпионшип на кој македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го имаше својот 100-ти настап во дресот на Лидс.

Алиоски ги одигра сите 90 минути и пред мечот беше главна ѕвезда поради стотката. Работите одеа добро за домашниот тим, Лов од Дерби си даде автогол, Лидс поведе со 1-0 и тој резултат стоеше на семафорот до 92-ра минута. Тогаш Крис Мартин даде гол за 1-1, и ги шокираше Алиоски и другарите. Тимот на популарниот Џани е лидер на табелата во Чемпионшип, но има само еден бод пред Свонси, а по три пред Чарлтон и Бристол сити, кои имаат по еден меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести