Алиоски: Собравме премиерлигашко искуство, гладни сме за победи

Македонскиот репрезентативен фудбалер Езџан Алиоски сезонава е дебитант во Премиер лигата, а во последно време е редовен стартер и направи кратка ретроспектива на настаните на Лидс во првата половина од сезонава. Лидс има два порази по ред, но вечерва се фаворити против тим кој во првиот меч во декември сезонава убедливо го совладаа со 5-2.

„Како тим, гладни сме за победи и за добри игри. Кога губиме, многу сме разочарани бидејќи знаеме што и колку можеме. Добро е што никогаш не се предаваме, знаеме дека секогаш има шанса за поправка на грешките и оптимисти сме дека на наредниот меч ќе одиграме подобро и ќе го добиеме. Фокусирани сме на следниот дуел, на кој сигурно ќе дадеме максимум“, вели Алиоски.

На популарниот Џани првата полусезона брзо му поминала.

„Брзо поминува времето, стигнавме до половина од сезоната. Сакаме во вториот дел од сезоната да направиме уште подобри резултати, иако нема да биде лесно. Сега имаме собрано премиерлигашко искуство, ги знаеме сите противници, чувствуваме дека можеме да направиме нешто. Имаме квалитет за да собереме повеќе бодови отколку во првата полусезона“, смета Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести