Алиоски веќе се договорил со Галатасарај, конкуренти ќе му бидат соиграч на Елмас и екс-соиграч на Димитриевски

Езџан Алиоски веќе има договор со Галатасарај, објавија турските медиуми, а главни конкуренти на неговата позиција лев бек ќе му бидат Марио Руи од Наполи и Алекс Морено од Бетис.

Фатих Терим дал зелено светло за ангажман на тројцата интернационалци, кои би биеле битка за место во првата постава на турскиот гигант.

На Алиоски му заврши договорот со Лидс, па долго траат приказната и преговорите со Галатасарај, екипа која утре ќе игра во квалификациите за настап во Лигата на шампионите.

Ќе биде интересно ако се остварат комплетно најавите за засилувањата на Галатасарај бидејќи и Алиоски, и Морено и Руи се леви бекови.

Руи е соиграч на Елиф Елмас во Наполи, а Морено играше за Рајо Валјекано, заедно со голманот на нашата репрезентација Столе Димитриевски, пред да се пресели во Бетис.

 

 

- Оглас -

Најнови вести