Алиоски во идеалните 11 на ЕП според Би-би-си (фото)

Езѓан Алиоски, репрезентативецот и лев бек на Македонија, се најде во идеалниот тим од групната фаза на Европското првенство според реномираниот британски медиум Би-би-си.

Популарниот Џани доби висока оценка од британскиот медиум и се најде во дефанзивната тројка со Леонардо Спинацола од Италија и Симон Кјер од Данска.

Алиоски се запиша во историјата на македонската репрезентација како втор стрелец на ЕП по Горан Пандев, погоди против Украина за намалување на 2-1. За Рисовите ги одигра сите три меча, односно на теренот беше вкупно 270 минути.

Идеалните 11 од групната фаза почнуваат со Каспер Шмајхел, голманот на Данска, средината е составена од Клих (Полска), Де Бројне (Белгија), Вајналдум (Холандија) и Локатели (Италија). Напаѓачката тројка е составена од Имобиле (Италија), Лукаку (Белгија) и Исак (Шведска.

- Оглас -

Најнови вести