Алисон е вистинскиот херој на Ливерпул: Наполи пропушти неверојатна шанса во 92-рата минута (Видео)

Ливерпул стигна до посакуваната победа од 1-0 против Наполи и се најде во осминафиналето од Лигата на шампионите. Мохамед Салах го даде погодокот вреден за останување во фудбалската елита на Ливерпул, но, сепак, вистинскиот херој е голманот Алисон Бекер.

Бразилецот на голот на Ливерпул имаше феноменална одбрана во 92-рата минута со која не дозволи Наполи да израмни на 1-1, што ќе значеше дека италијанскиот тим ќе помине понатаму, а „Енфилд роуд“ ќе потонеше во тага. Сепак, Алисон го одбрани ударот на Милик.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести