Алисон со итра тактика му го донесе трофејот на Ливерпул во ФА Купот (ФОТО+ВИДЕО)

Ливерпул го освои трофејот во ФА купот откако по пенали го совлада Челзи, а еден од хероите беше голманот Алисон Бекер.

Тој го одбрани пеналот на Мејсон Маунт по кој Костас Цимикас погоди во наредниот обид и со тоа се радуваше црвениот дел на Вембли.

Но, на социјалните мрежи на интернет се појавија фотографии и видеа каде што се гледа тактиката на чуварот на мрежата на Ливерпул. Алисон пред секој удар од од белата точка на неговите соиграчи, ги чекаше и им ја ја врачуваше топката во раце.

Со тоа го спречи Менди да го деконцентрира Цимикас, како и останатите, а голманот на Челзи е познат по своите гестови и движења пред изведувањето на пеналите.

Така, на африканскиот Куп на нации, застануваше пред противничките играчи, или пак им ја даваше топката правејќи гестикулации се со цел да ги деконцентрира.

- Оглас -

Најнови вести