Алисон со ѕверска одбрана против Меси, девет меча нема примено погодок (Видео)

Алисон Бекер блеска на Копа Америка. Голманот на Бразил е безгрешен. Во пет меча на континенталниот собир, не прими ниту еден гол. Алисон успеа да ги одбрани и сите напади на Аргентина во полуфиналето, а посебно за одбележување беше моментот во 61-вата минута.

Аргентина доби слободен удар од околу 20-тина метри, а Меси реши да шутира. Капитенот на Аргентина го префрли живиот ѕид, топката одеше директно во аголот на голот, но тогаш се појави Бекер и „жива“ ја фати топката во своите раце.

По овој меч, Алисон ја продолжи неверојатната низа од девет средби на кои не примил гол на клупски и репрезентативен план. Сериајта започна од неверојатниот пресврт против Барселона во полуфиналето во Лигата на шампионите, кога Ливерпул победи со 4:0 и анулираше негатива од 3:0 против Каталонците. И на тој меч, ривал на Бекер беше Меси.

По дуелот со Барселона, следуваа мечевите против Вулверхемптон, Тотенхем, Хондурас, Боливија, Венецуела, Перу, Парагвај и сега против Аргентина. Последниот гол Бекер го прими на дуел против Њукасл, и тоа на 4 мај во 54-тата минута, а стрелец беше Рондон, што значи дека повеќе од 850 минути Бекер не ја извадил топката од својата мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести