24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Алкалоид против романски Баја Маре во четвртфинале на европскиот куп

Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид во четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ ќе игра со романскиот клуб Баја Маре.

Баја Маре во моментов е четвртопласиран во романското првенство со 14 бодови помалку од лидерот Динамо Букурешт.

Првиот меч се игра во Романија на 22 или 23 март, а реваншот е во Скопје на 29-ти или 30-ти март. Ако Алкалоид се пласира во полуфиналето, ќе се соочи со подобриот од дуелот помеѓу грчки Олимпијакос и норвешки Рунар Сандерфјорд.

 

- Оглас -

Најнови вести