Денеска торта за роденденот на Марија, утре нека се слави со торта за светска титула (Фото)

Денеска е посебен ден за македонската женска кадетска репрезентација, тимот имаше двојна причина за радост: обезбеден пласман во финалето на Светското училишно првенство во ракомет, а голманката Марија Дуноска прослави роденден.

Марија го доби најубавиот роденденски подарок – победа за паметење, прославена заедно со македонската делегација.

На Марија ѝ посакуваме среќен роденден и уште многу успеси во иднина, како на теренот така и надвор од него. А, утре, од 14 часот во СЦ „Јане Сандански“ одиме по златото и светска титула како круна на добрите игри на Училишното светско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести