За два тима вечерва може да заврши сезоната во НБА, едниот е Денвер на Јокиќ

Два многу интересни натпревари ќе се играат вечерва во плејофот од НБА-лигата бидејќи екипите на Детроит пистонс и особено Денвер нагетс се притиснати до ѕид и немаат право на кикс.

Детроит беше најдобар тим на Истокот во регуларната сезона, но губи 1-2 од Орландо кој мораше преку плејин да влезе во плејофот. Ако Орландо слави и вечерва, ќе биде на прагот на пласман во следното коло, што би било изненадување и свовиден срам за Детроит, кој во вода ќе ги фрли сите 60 победи од регуларната сезона.

Нагетс предводени од Никола Јокиќ веќе имаат 1-3 против Минесота тимбервулфс и мора да добијат три меча по ред за да избегнат прерана елиминација. Вечерва Денвер игра дома и важи за голем фаворит. На гостите проблем им е што ќе го немаат Ентони Едвардс, кој нема да игра ни на наредните неколку натпревари, без разлика дали ќе бидат против Денвер или против некој друг во наредното коло.

Оклахома сити има 3-0 против Феникс и чудо би било вечерва да не се случи „метла“ и елиминација на Санс.

- Оглас -

Најнови вести