Алкарас е подготвен за Вимблдон, ја освои првата титула на трева и се врати на првото место на АТП ранг-листата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас, за првпат во кариерата триумфира на турнир кој се игра на трева, откако во финалето на турнирот во Лондон, беше подобар од Алекс де Минор.

Алкарас за 95 минути игра со 2-0 во сетови и тоа со 6:4,6:4 беше подобар од австралискиот тенисер.

Триумфот во Лондон на Алкарас од утре ќе му го донесе и првото место на ранг-листата на АТП симнувајќи го од врвот Новак Ѓоковиќ.

И во двата сета, на Шпанецот му беше доволен по еден брејк за да слави. Во првиот сет, брејкот го направи во деветтиот гем, додека во вториот, направи брејк до петттиот гем.

На турнирот во Хале, Германија, Казахстанецот Александер Бублик во финалето беше подобар од Русинот Андреј Рубљов во три сета и тоа 6:3,3:6,6:3.

- Оглас -

Најнови вести