Алкарас игра против тенисер кој никогаш не го победил, а Пол има и 12 победи по ред против Шпанци

Тенискиот рекет број 1, Карлос Алкарас, вечерва против Американецот Томи Пол игра осминафинале на Мастерсот во Мајами, каде што мора да ја одбрани титулата од лани за да остане на чело на АТП-листата.

Шпанецот е во одлична форма, но сега почнува најтешкото за него. Пол, кој играше полуфинале на Отвореното првенство на Австралијан, има серија од 12 победи по ред против Шпанци, а го совлада и Алкарас на Роџерс купот во Канада, во нивниот единствен меѓусебен дуел досега.

- Оглас -

Најнови вести