Алкараз: Ако достигнам половина од успехот на Ноле и Рафа ќе бидам пресреќен

Карлос Алкараз стигна до својата прва гренд-слем титула, откако беше подобар од Каспер Руд во големото финале на САД Опен.

Младиот шпански тенисер кој што се искачи и на првото место на АТП листата, со 19 години стана најмладиот освојувач на овој гренд слем, а и покрај сите најави дека го очекува блескава иднина, тој е скромен.

„Ако направам половина од тоа што го прават Ноле или Рафа ќе бидам навистина пресреќен. Тие се легенди на овој спорт и се инспирација за мене и за секој млад тенисер.

Се надевам дека и следната година ќе успеам да освојам гренд слем а ќе биде фантастично доколку тоа биде и повеќе од еден“ изјави Алкараз.

- Оглас -

Најнови вести