Алкараз е комбинација на Новак, Рафа и Рожер

Поранешниот тренер на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, смета дека актуелниот прв тенисер на АТП ранг-листата, Карлос Алкараз, ги има квалитетите на тројцата најдобри тенисери на сите времиња.

Муратоглу смета дека 19-годишниот Шпанец е комбинација на Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Карлос е комбинација на тројцата најдобри тенисери во историјата. Има импресивна способност за контранапад која во целост може да се спореди со таа на Ѓоковиќ, може да игра долги размени со многу спин на топчето како Надал, но делот од неговата игра што најмногу ми се допаѓа е тоа што кога го гледам Карлос, изгледа како да го гледам Федерер. Тој е многу агресивен и е креативен на теренот. Брзината со која може да влезе на теренот е нешто што е целосно карактеристично за Рожер. Освен тоа, Карлос одлично сервира за својата висина. Никогаш не сум видел толку комплетен играч само на 19 години“, изјави Муратоглу.

- Оглас -

Најнови вести