Алкараз го провоцира Ѓоковиќ пред нивниот можен меѓусебен дуел

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, кој во моментов е прв светски рекет, барем според АТП-листата, смета дека Рафаел Надал е најдобар тенисер на сите времиња.

Алкараз е во казахстанскиот град Нур Султан, каде што учествува на силен турнир, на кој се и Ѓоковиќ, Медведев, Рубљов и други ѕвезди.

Вчера на АТП-листата се случи историја, за првпат двајца Шпанци беа на првите две места. Алкараз е прв, а Рафаел Надал втор.

„Двајца Шпанци на врвот. Горд сум што го делам овој момент заедно со Рафаел Надал, најдобриот тенисер на сите времиња. Одиме!“, објави Алкараз на социјалните мрежи.

Дебатата кој е најдобар во историјата не престанува, секој си има свои аргументи, а Надал е водечки според еден важен фактор, бројот на освоени гренслем-титули. Ѓоковиќ си има свои силни адути во трката, па ако се сретне во финалето со Алкараз, ќе има мотив плус за победа.

- Оглас -

Најнови вести