Алкараз го среди Надал во Мадрид, а пред една година на истото место, освои само три гејма

Младиот Карлос Алкараз е најдобар шпански тенисер во моментов, тој попладнево за првпат во кариерата го совлада славниот сонародник Рафаел Надал, и ќе игра во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, каде за противник ќе го има Новак Ѓоковиќ.

Колку е голем напредокот на Алкараз покажува податокот дека пред точно една година, кога тој играше против Надал во Мадрид, освои само три гејма, а денеска доминираше во првиот сет со 6-2, па се повреди и Надал го освои вториот сет со 6-1, но во третиот сет повторно Алкараз беше тој што прв направи брејк, и славеше со 6-3.

Шпанската публика уживаше во мечот, а на трибините имаше и едно интересно знаме во кое срцето беше поделено помеѓу двајцата Шпанци.

- Оглас -

Најнови вести