Алкараз има неочекувани маки – Италијанците му станаа баук, по Мусети и Синер го победи во меч за титула

Јаник Синер направи изненадување и е победник на АТП турнирот во Умаг, откако со пресврт го победи 19-годишниот Карлос Алкараз.

Италијанците очигледно станувата незгодни ривали за шпанската сензација и ова е втор пораз во финален меч за Алкараз за 7 дена, а и во Хамбург загуби од тенисер од Чизмата, откако Лоренцо Мусети го победи со 2:1.

Вечерва во Умаг, Алкараз поведа со 1:0 и го доби првиот сет со 7:6 (5), но потоа Синер се разигра и го декласира една година помладиот ривал.

Јаник ги доби двата решавачки сетови со по 6:1 и пак му го спречи патот на Алкараз до нова титула.

До пред една седмица Шпанецот имаше пет од пет во АТП финалињата со 10:0 во сетови, но сега нанижа два порази, а и двата се од италијански тенисери.

Синер прекина една неверојатна серија на Алкараз, кој до вечерва имаше 36:0 во случај кога го добивал првиот сет.

Сега пак поведе со 1:0, но Синер му ја прекина фантастичната низа.

- Оглас -

Најнови вести