Алкараз ќе биде голем шампион, го среди и Циципас во ист ден по победата против Мунар

Карлос Алкараз со брзо темпо ита кон титулата на АТП турнирот во Барселона, а денеска приреди вистински подвиг со две победи во ист ден.

Најпрво го декласира сонародникот Мунар со 6:3, 6:3, а вечерва го елиминира и Стефанос Циципас со победа од 2:1 за пласман во полуфиналето.

Дербито на колото беше исклучително возбудливо, а Алкараз го доби првиот сет со 6:4 и потоа прокоцка предност од 4:1 во гемови.

Циципас приреди чудо и израмни на 1:1, откако го доби вториот сет со 7:5. И последниот сет имаше слично сценарио, но сега Алкараз не дозволи нов голем кам-бек на ривалот.

Шпанецот водеше со 4:0, па се најде во незгодна ситуација и 0:30 и 30:40 во поени при водство од 4:1, но не дозволи нов пресврт.

Успеа да си го одбрани сервисот и потоа да го заврши мечот со победа во последниот сет со 6:2.

Во полуфиналето Алкараз, кој има само 18 години и е еденод најголемите тениски таленти во полуфиналето ќе игра против Де Минаур.

Во второто полуфинале ќе играат Шварцман и Карено Буста.

 

 

- Оглас -

Најнови вести