Алкараз спаси меч топка во четвртиот сет, па го победи Синер и се најде во полуфинале на САД опен

Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, и ги задржа шансите за освојување на прва грен-слем титула во кариерата и за искачување на првото место на АТП листата.

Алкараз со 3-2 во сетови го победи Јаник Синер, во маратонски меч кој заврши во 2.50 часот по локално време, што значи дека за публиката во Њујорк нема спиење, останаа на трибините до 3 по полноќ.

Во четвртиот сет Италијанецот имаше меч-топка, но не ја искористи, и потоа моментумот се сврте на страна на Шпанецот кој в понеделник може да стане најмлад број 1 во историјата на тенисот.

Во полуфиналето, Алкараз ќе игра со Френсис Тиафо, кој го совлада Рафаел Надал во осминафиналето, а беше подобар и од Андреј Рубљов во четвртфиналето. Другата полуфинална двојка е Каспер Руд – Карен Хачанов.

- Оглас -

Најнови вести