Алкарас за дуелот против Ѓоковиќ: Тој е фаворит, но младоста може да е пресудна

Најдобриот тенисер на АТП-листата, Карлос Алкарас, од една страна и најтрофејниот освојувач на грендслем-турнирите, Новак Ѓоковиќ, од друга страна, ќе играат во финалето пред финалето, односно во полуфиналниот дуел на Ролан Гарос. Алкарас досега игра фантастично и без проблеми ги поминува ривалите, но сигурно против Ѓоковиќ ќе биде голем предизвик да се победи и да се стигне до мечот кој ќе решава за титулата.

„Како што одминува турнирот, мојата форма оди во нагорна линија. Играм добро, а ова ќе биде еден од моите најважни мечеви во кариерата. Откако беше направена ждрепката на ‘Ролан Гарос’, сите го чекаат овој дуел, а искрено и јас го чекам. Навистина сакам да играм против Ѓоковиќ. Двајцата играме на високо ниво, а ако сакаш да бидеш најдобар, мора да ги победуваш најдобрите. За мене е историска шанса играњето против легенда како што е Новак. Не знам што ќе пресуди, дали мојата младост или неговото искуство. За Ѓоковиќ ова ќе биде 45-то гренслем-полуфинале, а мене само второ. Искуството дефинитивно е на негова страна и тој е фаворит, но верувам дека ќе пресуди младоста“, рече Алкарас.

Овие двајца тенисери играле само еднаш меѓу себе, и тоа во мај минатата година во полуфиналето на АТП-турнирот во Мадрид, а на крајот победи Алкарас со 2:1 во сетови, во меч кој траеше речиси четири часа.

- Оглас -

Најнови вести