Алкасер даде убав гол со волеј, но не славеше, туку се извинуваше (Видео)

Пако Алкасер попладнево даде убав гол и му донесе водство на Вилјареал од 1-0 против Валенсија, но стрелецот на голот не се радуваше, туку бараше прошка. Алкасер за првпат откако од Бундеслигата се врати во Ла Лига, дава гол на два меча по ред, но на денешниот погодок, иако убав, не му се израдува целосно, бидејќи беше постигнат против неговиот матичен клуб во кој ја почна кариерата.

Алкасер за Валенсија даде 43 гола на 124 официјални мечеви. Во 2016 година си замина од таму, а денеска за првпат постигна гол против Лилјаците.

- Оглас -

Најнови вести