Алмерија со гол од пенал во 96-та минута се спаси од пораз

Фудбалерите на Алмерија и Кадис одиграа без победник 1:1 во првиот денешен натпревар од 26-то коло во Ла Лига.

Со ремито, Кадис ја продолжи неверојатната серија без пораз во меѓусебните дуели со Алмерија и веќе 12-ти натпревар не знае за пораз (6 победи и 6 нешерени резултати). Последниот пораз, Кадис го доживеал во далечната 2006 година.

Кадис беше на прагот на победа откако поведе со голот на Рохер Мартин во 49-та минута и беше во водство се до 96-та минута кога Гонсало Мелеро го реализира ударот од белата точка откако прекршок во сопствениот шеснаесетник направи Мамаду Мбаје.

- Оглас -

Најнови вести