Алонсо е бек по мерка на Атлетико

Атлетико Мадрид во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да ангажира искусен лев бек. Позната е и првата цел на Диего Симеоне, аргентинскиот стратег го посакува Маркос Алонсо од Челзи.

Привремениот шпански репрезентативец падна во втор план сезонава кај Френк Лампард, така што менување на средината е една од опциите за Алонсо доколку работите не се сменат во скоро време. Атлетико му нуди излез, односно прво позајмица до крајот на сезоната, па дури налето да се преговара за комплетен ангажман.

Шпанскицот вицепрвак оваа стратегија успешно ја искористи во купувањето на Алваро Мората. Сините прво го пуштија на шестмесечна позајмица во Мадрид, а потоа солидно го наплатија неговото заминување.

Алонсо и минатото лето беше желба на Симеоне, меѓутоа клубот издвои средства за младиот Ренан Лоди, но се чини дека Бразилецот ќе има опасна конкуренција во еден од клучните играчи на Челзи од изминативе сезони.

- Оглас -

Најнови вести