Алонсо лут по вчерашниот судир: Не разбирам зошто аматери возат во Формула 1

Фернандо Алонсо вчерашната трка за Големата награда на САД ја заврши уште по првиот круг, откако Ленс Строл се судри со него и двајцата ги оштетија болидите, по што не можеа да ја продолжат трката. Шпанецот беше многу лут откако се врати во боксот, а случката ја прокоментира уште во радиоразговорот со неговиот тим.

„Уште една трка која ја завршив поради судар со друг болид. Не ми е јасно како дозволуваат вакви аматери да возат во Формула 1. Судар уште на стартот, срамен начин да ја завршиш трката, подобро да бев последен, ама да ја извозев трката до крај. Противниците мора да бидат повнимателни, или да кочат на време, или да ризикуваат престигнување, а не да се судираат едни меѓу други како да е ова картинг. Подобро нека стават браници од страните на болидите и да не остават да се удираме едни со други. Истото ми се случи на патеката „Спа“, неколку болиди се одбиваа од мене, овој проблем мора што побрзо да се реши“, истакна Алонсо по трката.

За помалку од седум дена, следуваат нови возбудувања во Формула 1, кога шампионатот се сели во Мексико.

 

 

- Оглас -

Најнови вести