На крилјата на Алекс Душебаев, Кјелце славеше во Скопје против Вардар првпат по пет години пауза. Токму ексвардарецот беше енигмата за тренерот Стевче Алушовски, за кого кажа дека Црвено-црните немале одговор на расположеното издание на шпанскиот репрезентативец.
„Кјелце ги искористи сите наши грешки кои ги правевме во нападот. Успеавме да се вратиме во второто полувреме по три гола негатива, дојдовме до водство, но не ја искористивме ситуацијата во која имавме двајца ракометари повеќе на теренот. Честитки до противникот за победата, Кјелце одигра врвна партија, а им честитам на моите играчи за залагањето, како и во натпреварот, така и во подготовките претходно“, истакна Алушовски.