Душебаев незадржлив за „својот“ Вардар, Кјелце славеше во Скопје првпат по пет години пауза

Вардар можеше да го надигра Кјелце и го покажа тоа во неколку наврати, меѓутоа полскиот гигант, сепак, одолеа на пресвртот во најава и првпат од април 2015 година славеше во Скопје со конечни 29:33.

Значајниот меч за Тимур Дибиров, во кој стана петти играч во историјата на ракометната ЛШ со најмалку 900 погодоци, Црвено-црните не го крунисаа иако во еден момент од второто полувреме тимот на Алушовски имаше фуриозна серија од 5-1.

Вардарци влегоа со негатива од три гола во вторите 30 минутиа таа негатива во неколку минути ја претворија во минимално водство при 22-21. Тука беше клучниот момент кога домаќините не искористија напад за +2, па Кјелце, односно Алекс Душебаев, почна да ја полни мрежата на својата поранешна екипа.

Јотиќ со шест гола беше најефикасен во Вардар, Чупиќ и Дибиров постигнаа по пет. На другата страна Душебаев беше неприкосновен со 10 погодоци од 11 обиди.

- Оглас -

Најнови вести