Алушовски: Веспрем е силен, но и Вардар сега е во многу подобра форма

Вардар во многу подобра ситуација и со подобра атмосфера го очекува двомечот со фаворитот Веспрем во осминафиналето во Лигата на шампионите, а првиор чин е задутре во Скопје од 18.45 часот.

Со двете победи по ред, против Мотор Запорожје во СЕХА лигата и над Еурофарм Пелистер, двојните европски прваци си ја кренаа и формата и атмосферата, па ќе се обидат да го изненадат ривалот од Унгарија.

„Добро е што имаме две победи по ред и иако Веспрем е фаворит, сега Вардар е поинаков тим од тој што загуби од Унгарците во септември, лани во финалето на СЕХА Лигата. Ќе го дадеме максимумот и се надеваме на рамноправен двомеч, а како што му доликува на двоен европски првак ќе одиме на победа и во Скопје на првиот меч и во Унгарија на реваншот“, изјави Стевче Алушовски.

Двете екипи имаат долга историја на меѓусебни дуели, одиграа вкупно 18, а Веспрем води со 9:5 со четири нерешени дуели.

Реваншот ќе се игра на 8. април во Веспрем.

- Оглас -

Најнови вести