Алжир сака реприза против Сенегал за втора титула во Африка

ФК Копенхаген – Орхус (Данска, Суперлига, 19 часот)

Шампионот на Данска победнички ја почна новата сезона и ќе сака со нов триумф веднаш да им покаже на конкурентите дека е најсилната екипа во првенството.

Против Оденсе на стартот од шампионатот, екипата од Копенхаген направи пресврт, стопи негатива од 0:2 и победи со 3:2. Повторно блескаше лани вториот стрелец во првенството Н`Доје со два гола. Денеска повторно од него и од кралот на данските стрелци Роберт Сков се очекува да ја полнат мрежата на Орхус.

Гостите немаат долг период победа на „Телија Паркен“, односно цели 10 години. Последен пат Орхус славеше во Копенхаген против една од најдобрите екипи во Данска на 15 август во 2009 година. Оттогаш дури на 14 меча не го почуствуваа шармот на успехот и немаа победа во една од најдолгите серии во Данска.

ФК Копенхаген има шест победи во серија на домашен терен против денешниот ривал, на последните три даваше по 4 гола, а на четири од шест постигнуваше барем еден гол во првото полувреме.

Предлог тип: 1&1+ прво полувреме (1.95) Квота на денот во Sport Life 

 

Сенегал – Алжир (Финале на Африкански куп на нациите, 21 часот)

Време е за големото финале на Африканскиот куп на нациите, а интересно, ова ќе биде само трети меч за титулата во историјата, со селекции кои ги предводат домашни селектори.

И тоа ќе биде тактичко надмудрување меѓу двајцата големи пријатели пораснати во Париз и некогашни играчи на Пари Сен Жермен. Алиу Сисе на кормилото на Сенегал и неговиот голем пријател Џамел Белмади како селектор на Алжир.

Има и некаква симболика во сето тоа бидејќи двајцата имаат по 43 години и ги дели само еден ден во корист на повозрасниот Сисе. Вечерва ќе им требаат голови за да се освои титулата во четвртото финале за Алжир и само второ за популарните Теранга лавовите од Сенегал.

Двете селекции играа меѓу себе во фазата по групи, а Алжир славеше со 1:0 и тоа е единствениот гол што го примија Сенегалците на вкупно 6 меча на АФКОН.

Алжир е најефикасниот состав со 12 голови, а прими само два. Марез и одличниот Оунас ќе бидат главната закана за голот што ќе го брани Гомис, а главен проблем на Сенегалците е што поради жолти картони во финалето, нема да игра еден од најдобрите стопери на планетата, Калиду Кулибали од Наполи.

Алжир игра за втората титула, а Сенегал за прв пехар на Афкон, па тешко е да е прогнозира кој ќе биде шампион на Африка и ќе типуваме на голови.

Предлог тип: 2-4 гола (1.80) Квота на денот во Sport Life

 

Динамо Загреб – Локомотива Загреб (ХНЛ, 21 часот)

Тренерот на хрватскиот првак, Ненад Бјелица, има многу проблеми пред стартниот меч во новата сезона. Динамо ќе игра дури без осуммина стандардни играчи. Поради картони, отсутни во дуелот со „помалиот брат“ од Загреб нема да играат Шуњиќ и Мајер, Мубанџи и Олмо подоцна почнаа со подготовки, а повредени се Теофил-Катерин, Загорац, Мохареми и Дилавер.

Локомотива има многу солиден состав и во последно време е незгоден ривал за „модрите“, иако во минатото беше неофицијално втор клуб на Динамо.

Домаќинот е фаворит и покрај проблемите и ќе типуваме дека ќе успее да постигне барем по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: Т1 1+& 1+II (2.00) Квота на денот во Sport Life

 

Наполи – Фералпизало (Пријателски меч, 17.30 часот)

Наполи ќе го игра вториот пријателски меч летово како дел од подготовките, а противник му е екипа од Серија Ц. Со Фералпизало, Наполитанците играат често пријателски средби, а победникот се знае и Наполи има 3 триумфи на три меѓусебни дуели.

Последниот дуел меѓу овие две екипи се играше во 2015 година и победи Наполи со 5:2. И денеска е можно да има доста голови, иако добар дел од стандардните играчи на Наполи сè уште не се приклучени на подготовките. Поразот од Беневенто со 1:2 на стартот од подготовките е неочекуван, па очекуваме Наполи да не дозволи нов кикс и убедливо да го совлада членот на Серија Ц.

Предлог тип: 5+ (2.25)

 

Монако – Евертон (Пријателски меч, 18.00 часот)

Монако делумно го реновираше составот што лани едвај успеа да опстане во Првата лига на Франција, но пак игра слабо. Поразот од 0:5 од Локерен во пријателски меч е болен за популарните „кнезови“, а потоа дојде и неуспехот во дуелот со Лозана.

Евертон тргна скромно со подготовките и двапати ремизираше, само со еден постигнат гол. Проблем за Карамелите е што немаат квалитетни напаѓачи, но сега е шансата за Нијасе, Волкот и останатите офанзивци да го поправат впечатокот и да најават добра сезона за Евертон. Англискиот тим е фаворит, но се чини дека подобро е да се одигра на голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.97)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести