Ама драма – Промашија пенал за 5:0 и не победија во историски меч (Видео)

АЗ Алкмар направи од „готово вересија“ и прокоцка чиста победа во Ротердам против Спарта на меч од холандската Прва лига.

Гостите играа феноменално во првото полувреме и за само 33 минути водеа со 4:0, а потоа им се случи и клучниот момент на мечот.

Капитенот Копмајнерс промаши пенал во 40. минута за 5:0 и потоа им се случи потоп на гостите од Алкмар. Спарта се разбуди и се разигра и почна да дава голови во второто полувреме и освои бод со реми 4:4. Ова е прв ваков подвиг во 64-годишната историја на Првата холандска лига, тим што губел со 0:4 на полувреме, да освои бод.

Харуи и Абелс до 64. минута намалија на 2:4, но се уште изгледаше недостижна предноста на АЗ Алкмар.

https://twitter.com/TheFS_Live/status/1312750623444668417?s=20

За домаќините беше досуден пенал во 88. минута и Тај беше прецизен, а тогаш и почна големата драма на „Хет Кастел’ во Ротердам.

https://twitter.com/TheFS_Live/status/1312752352462622720?s=20

Замокот на домаќините остана неосвоен, а за тоа се погрижи Мијнанс со гол за израмнување на 4:4 во 90. минута.

https://twitter.com/TheFS_Live/status/1312760919810887680?s=20

Чудесен меч со две апсолутно различни полувремиња и вкупно осум гола, за конечно реми што секако ги израдува играчите на Спарта и ги разочара гостите од Алкмар.

- Оглас -

Најнови вести