Американец е првата аквизиција на Пирло во Јувентус

Вестон Мекени, играчот за врска на Шалке 04, за утре има закажани медицински прегледи во Јувентус, во пресрет на неговата преселба на „Алијанц стадионот“.

Американецот доаѓа на едногодишна позајмица во Торино, за што Јувентус ќе исплати три милиони евра, а следното лето Шалке ќе добие дополнителни 18 милиони евра кога трансферот ќе стане перманентен.

Мекени е првиот фудбалер кој го засилува италијанскиот првак откако Андреа Пирло ја презеде клупата, а токму на неговиот 22-ри роденден ќе може да го оствари трансферот на кариерата.

Мекени беше еден од поважните играчи на бундеслигашот во минатата сезона, во која запиша вкупно 32 настапи и постигна три гола.

- Оглас -

Најнови вести