Американец мислеше дека му урнал светски рекорд на Болт, а трчал 15 метри помалку (Видео)

Американскиот спринтер Ноа Лајлс на вчерашната трка на 200 метри, кога мина низ целта, го виде семафорот на кој пишуваше време од 18 секунди и 90 стотинки и мислеше дека постави светски рекорд. Но, брзо сфати дека нешто не е во ред. Светскиот рекорд на 200 метри го држи Јусејн Болт, а времето е 19,19 секунди.

Лајлс беше збунет, а се утврди дека стартувал од погрешно место и дека всушност трчал 185, а не 200 метри. Плус тоа, имал и недозволиво брз ветер во грбот од 3,7 метри во секунда.

Лајлс трчаше на Флорида, а истовремено во Европа стартуваа и трчаа на 200 метри Леметр и Мартина, па брзо се виде дека станува збор за кикс на организаторите.

- Оглас -

Најнови вести