Можеби ќе биде најмалиот град кој ќе има клуб во ракометната Суперлига на Македонија, но Богданци со љубовта и традицијата кои ги има во овој спорт, апсолутно заслужува да биде на суперлигашката мапа. Синоќа во баражот, Младост од Богданци ја победи Струга и обезбеди место во елитата.
Богданци ќе биде единствен град од југоисточна Македонија кој ќе има претставник во Суперлигата. РК Младост ќе слави 50 години од формирањето и одлично е што ќе прослави како суперлигаш.
Инаку Младост во 80-тите години од минатиот век настапуваше во Втората лига на некогашна Југославија во период кога оваа држава беше светски и олимписки шампион. До пред 20-тина години клубот редовно играше во европските купови.
Градот повторно живее за ракометот, синоќа на улиците имаше еуфорија, радоста траеше до раните утрински часови.
И Ракометната федерација им честиташе и им посака среќа и успеси следната сезона.

