Американец немаше многу среќа, треба да игра против Ѓоковиќ и сингл и дубл

Американскиот тенисер Томи Пол беше најголем малер при ждрепката за Мастерсот Синсинати кој годинава ќе се игра во Њујорк, бидејќи веројатно и во сингл и во дубл ќе треба да игра против најдобриот на светот, Новак Ѓоковиќ.

Во игра на двојки, Пол и Френсис Тијафо за ривали во првото коло ги добија Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ, додека во поединечна конкуренција за да се сретне со првиот светски рекет, Пол ќе мора прво вечерва да го совлада квалификантот Ричардас Беранкис.

Ако сите фаворити победуваат, тогаш Ѓоковиќ ќе игра четвртфинале со Давид Гофан, па полуфинале со Данил Медведев и финале против Доминик Тим.

- Оглас -

Најнови вести