Американец се обложи на титула на омилениот тим и сега е пред добивка од 75 милиони долари

Американскиот бизнисмен Џим Мекингвејл  е на чекор од освојување на 75 милиони евра во обложувалница. Мекингвејл решил да се обложи на својот омилен бејзбол тим Хјустон Астрос дека ќе ја освои титулата во МЛБ-шампионатот.

Влогот на бизнисменот е 10 милиони евра, а Хјустон се пласира во финалето и сега е само на четири победи од трофејот, а противник им е екипата на Филаделфија.

Богатството на Мекингвејл се проценува на 300 милиони долари, а тој како страстен обложувач и во минатото играл на големи влогови, но никогаш тоа не било 10 милиони долари. Најчесто ги губел облозите, но пред пет години освои осум милиони евра за титула на Хјустон. Сега тој е многу поуверен дека неговиот омилен тим ќе биде првак, па вложи толку многу пари.

Бизнисменот своето богатство го изгради во бизнисот со продавање мебел, а сега реши дури да ги мотивира и купувачите да пазарат кај него. За сите оние купувачи кои ќе потрошат над 5.000 долари во неговите продавници, ќе добијат бонус од 10.000 долари.

- Оглас -

Најнови вести