Американецот Хиндс го спаси МЗТ во Битола

Тешко извојуваната победа на МЗТ Скопје Аеродром во Битола кај Пелистер од 89-84, е заслуга на американскиот бек Џабари Хиндс, кој даде 34 поени во салата „Боро Чурлески“, од кои клучна тројка при 84-84. Според официјалната статистика, тројката за 87-84 била на 8 секунди до крајот, а потоа Маслинко со две слободни фрлања на пет секунди до крај стави точка.

МЗТ избегна втор пораз сезонава, а новиот бек Ерон Херис дебитираше, но за 8 минути игтра не даде кош. Пелистерци се покажаа како жилав противник, тие водеа со седум поени разлика на полувреме, го искористија заморот и калкулирањето со силите кај фаворитот. Дури шест играчи на Пелистер завршија со двоцифрен број на поени, а тројца од нив се поранешни играчи на МЗТ (Пенов, Мекиќ и Цветковски).

- Оглас -

Најнови вести