Американецот сруши многу важен рекорд во Евролигата

Американскиот кошаркар Кајл Хајнс со вчерашниот настап во дресот на Олимпија од Милано постави рекорд во Евролигата. Искусниот центар го одигра рекордниот 393-ти меч во елитното европско натпреварување и сега е осамен на оваа листа, каде што досега лидер беше литванскиот крилен центар Паулиус Јанкунас.

На третото и четвртото место на оваа се сè уште актуелните ветерани на Реал Мадрид, Серхио Љуљ и Серхио Родригес.

Хајнс има 36 години, а првпат во Евролигата заигра во 2011 година во дресот на Олимпијакос, каде што одигра две сезони, а потоа замина во ЦСКА Москва. Во последните четири сезони е дел од миланската Олимпија.

За време на овој рекорден период со настапи во Евролигата, Хајнс има четири европски титули (две со Олимпијакос и две со ЦСКА).

- Оглас -

Најнови вести