Американките ја одбранија светската фудбалска круна

Ништо ново во женскиот светски фудбал. Американките ја одбранија светската титула, откако во финалето во Лион, со 2:0 ја победија Холандија. За најтрофејната женска репрезентација ова е четврто злато на светските првенства. Холанѓанките го играа првото финале на Мундијалите, но не можеа да се спротистават на фаворизираниот ривал.

По првото полувреме немаше погодоци, а клучниот момент од мечот се случи по еден час игра. Американките беа во напад, имаше контант во шеснаесетникот на „лалињата“, а судиката Стефани Фрапар реши да покаже дека е корнер. Сепак, по консултација со судиите кои се во ВАР собата и по консултација со ВАР системот, беше досуден пенал.

Во таква ситуација, Меган Рафино ја превзема одговорноста да го изведе ударот од белата точка и погоди за 1:0 во 61 минута.

Само осум минути подоцна Роуз Лавел со прецизен шут успеа да донесе нова радост на Американките и да зголеми на 2:0, што веќе беше недостижна предност за Холанѓанките.

 

- Оглас -

Најнови вести